Во текот на судењето за свирепото двојно убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски, сведочеше и началникот на единицата за насилен криминал, Дејан Димовски. Во своето сведочење, тој откри дека се водела уште една истрага за запалено возило.
-Се водеше уште една истрага за запаленото возило. Тоа го работеше единицата за крвни деликти. Но тогаш немаше поврзаност на случајот. На 27-ми во вечерните часови бевме известени дека е пронајдено запалено возило, целосно изгорено. Тогаш се работеше како предизвикување на општа опасност. Колегите кои го работеа возилото, бараа камери. Најдоа некоја камера на општината мислам од Чучер Сандево беше. Таткото на Вања на 1-ви декември подоцна ни даде фотографија од возилото и рече дека му е сомнително. Не ни кажа зошто им е сомнително. Но тој го посочуваше и велеше дека има уште едно возило. Ние пребаруваме и го најдовме возилото. Таткото потоа пак ми се јави и рече дека може да биде инволвирано друго постаро лице од Охрид, од Велес… Да не е надвор од Скопје.. Ние тогаш веќе имавме конекција и со Реното Кангу. Подоцна, полицајци го здогледаа Реното Канго паркирано пред политичката партија Десна. Полицајците провериле на интернет дека претседател е Љупчо Палевски Палчо. Обвинителите или судиите не ни даваа веднаш наредба за претрес. Бидејќи било политичка партија. Подоцна добивме наредба на физичкото лице сопственик на зградата. Ова беше на 2-ри декември во 01:00 часот. Кога влеговме внатре имаше три лица, Влатко Кекишев ни рече: Ајде каде сте до сега ве чекавме. Го прашав зошто, ми рече дека ја виделе полицијата и возилото. Тогаш го прашавме каде ви е претседателот, Кекишев ни рече дека е во Белград дека имал проблеми со кичмата. Викнаа и адвокат и тој ни рече дека тој го изнел Палчо преку граница пред два дена. Палчо по пат додека се возеле во Србија му кажувал на адвокатот дека последните денови го следело велешко возило. Ние додека вршевме претрес немавме поврзаност на настаните. Ние само тогаш мислевме дека е поврзан со грабнувањето на Панче од Велес. Со Вања немавме поврзаност. Знаевме само дека возилото поминува покрај зградата на Вања. Цитроенот и Кангуто. Таткото на Вања снимките кои ни ги даваше ние веќе ги имавме. Дури еден ден ние се начекавме на едно место во фризерница, како и тој и ние ги бараме снимките. Тој беше со еден човек за кој рече дека е кум. Рече дека се вика Гоце, кој имал контакти со полицијата. И рече дека Палчо бил зет за прва братучеда на мајката на Гоце. И дека тие се познаваат, изјави Димовски.