Македонија

„Подготвени сме веднаш да ги вметнеме Бугарите во Уставот, но бараме гаранции“, вели Гаши

„Подготвени сме веднаш да ги вметнеме Бугарите во Уставот, но бараме гаранции“, вели Гаши

Претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши, од Берлин изјави дека владејачкото мнозинство е подготвено веднаш да ги вметне Бугарите во Уставот, но бара предвидливост во процесот.

„Немаме проблем со вметнувањето на Бугарите, но очекуваме гаранции дека по тоа нема да следат нови услови“, рече Гаши за Дојче веле. Тој нагласи дека е потребно да се одблокира процесот на евроинтеграција, особено по формализацијата на преговорите за членство на Албанија.

Гаши додаде дека Скопје и Софија можат да се договорат, но секоја помош е добредојдена.

„Важно е процесот на евроинтеграција да продолжи и Македонија што побрзо да стане членка на ЕУ“, изјави тој.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни