Македонија

ДУИ одлучи да има отворени седници на претседателството со граѓани

ДУИ одлучи да има отворени седници на претседателството со граѓани

По завршувањето на Централното претседателство на Демократската унија за интеграција (ДУИ), портпаролот Арбр Адеми ја извести јавноста за заклучоците. Тој истакна дека е анализирана актуелната политичка ситуација и нејзиното влијание на меѓуетничките односи.

„ДУИ сериозно ги следи политичките случувања во земјата и регионот, особено оддалечувањето од Европската Унија и разделувањето на Албанија од Македонија, што негативно влијае на меѓуетничките односи. Ние сме загрижени за нападите врз овие односи од страна на актуелната моноетничка влада и апелираме до меѓународните актери да продолжат со ангажманот за почитување на Охридскиот мировен договор“, изјави Адеми.

Тој најави почеток на отворени седници на ограноците на ДУИ со граѓаните, започнувајќи од Липково и Сарај. Овие состаноци имаат за цел да информираат граѓаните за политичките случувања и предизвиците во однос на ЕУ.

На прашањето за уставните измени, Адеми нагласи дека поддршката не значи одложување на стратешките цели и ги повика пратениците да ги процесуираат измените.

Тој истакна дека ДУИ поддржува закон за ветинг за зголемување на довербата во правосудството и побараше истраги за сите политички партии и потеклото на богатството на јавните функционери, вклучувајќи ја и ДУИ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни