Македонија

Ахмети: Делувањето на власта ја поттикнува дестабилизацијата, ниту еден ризик не дошол од страна на ДУИ

Ахмети: Делувањето на власта ја поттикнува дестабилизацијата, ниту еден ризик не дошол од страна на ДУИ

Генералниот секретар на ДУИ, Фатон Ахмети вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 порача дека делувањето на власта ја поттикнува дестабилизацијата.

Како што вели, ниту еден ризик не дошол од страна на ДУИ.

„Во изминатиов период имаме слушнато многу различни шпекулации, ДУИ ја дестабилизира државата, добро, еве едно јавно прашање, што има направено Демократската Унија за Интеграција во изминатиов период што поттикнало дестабилизација? Додека од другата страна, сите активности направени од носителите на власта повеќе придонесоа за дестабилизација и расипување на меѓуетничките односи, додека нема никаков ризик од страна на Демократската унија за интеграција. Што се однесува до бојкотот, ДУИ зема активно ушество во парламентот на Република Северна Македонија“, вели Ахмети.

Модератор: Значи доколку зборуваме за бојкот, прво треба да се предадат пратеничките мандати?

Фатон Ахмети: ДУИ не ја бојкотира работата на Парламентот, ДУИ не ги бојкотира државните институции. Доколку ги бојкотиравме државните институции, тогаш тоа ќе го направевме и кај поделбата на овие проекти кои ги спомнавме претходно, нашите градоначалници немаше да аплицираат, нималку. Значи, се додека аплицирале, ДУИ не зема учество во сценарија кои имаат за цел дестабилизација на државата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни