Државната комисија за спречување на корупција, отвори предмет за Бојан Христовски, по пристигнување на анонимна претставка во наводи дека бил незаконски именуван за директор на Агенцијата за национална безбедност.
Претседателката на Антикорупциската комисија, Татјана Димитровска за Дојче Веле вели дека веќе се постапува по овој случај.
„Предметот е прераспределен кај член на комисијата и по обезбедени докази и изготвена документација, ќе донесеме соодветна одлука за којашто ќе биде информирана и јавноста“, вели Димитровска.
Минатата недела Владата го разреши Зарко Милошевски од местото директор на АНБ, и го назначи Бојан Христовски. По ова следуваше реакција од опозицијата, која рече дека со ова назначување, институцијата се партизира и е една форма на понижување. За опозицијата е спорно што тој немал сертификат со степен „државна тајна“.