Македонија

Негативна на птичји грип е жената која ја посетила ЗOO Скопје

Резултатите од тестирањето на жената посетителка на Зоолошката градина за птичји грип се негативни, потврди доктор Марија Андоновска, директорка на Институтот за јавно здравје.

Жената е родена 1958 година.

„До сега нема пријавени други случаи за тестирање за птичји грип. Единствени лица кои беа тестирани се двајцата вработени и оваа жена, која сама побарала тестирање“, рече Андоновска.

Таа истакна дека, со оглед на негативните резултати на вработените, не постои ризик за посетителите, бидејќи е потребен многу блиски контакт за да дојде до пренос на вирусот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Марина Малиш Саздовска 13.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни