Македонија

Девет пожари на отворено во изминатото деноноќие

Девет пожари на отворено во изминатото деноноќие

ЦУК информира дека во последното деноноќие имало регистрирано девет пожари пожара на отворено на територијата на државата, покрај интервенциите за гаснење пожари во населени места.

Конкретно, Регионалниот ЦУК Скопје, информира дека Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје, во период од 12.00 до 14.00 часот, со 1 ПП возило и 2 пожарникара интервенирале на запалена депонија кај с.Нерези во месноста „Лака“ (Општина Карпош).

РЦУК Тетово, известува дека од ТППЕ Гостивар, од 14.30 до 15.30 часот, со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во с.Врапчиште (Општина Врапчипште) и во изминатото деноноќие имале уште една помала интервенција.

РЦУК Куманово, информира дека од ТППЕ Куманово, од 17.55 до 21.40 часот, со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во атарот на с.Никуштак (Општина Липково) и во изминатото деноноќие имале уште една помала интервенција.

РЦУК Битола ја пренесува информација од ТППЕ Битола, во која се наведува дека во период од 22.47 до 23.40 часот, со 1 ПП возило и 2 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во близина на с.Могила (Општина Могила) и имале уште една помала интервенција.

РЦУК Велес, ја пренесува информацијата од ТППЕ Кавадарци и од ТППЕ Велес дека во изминатото деноноќие имале по една помала интервенција.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни