Македонија

Жителите од зградата која гореше, остануваат без покрив на главата

Жителите од зградата која гореше, остануваат без покрив на главата

Околу 600 жители на зградата во скопски Чаир, чии подрумски простории беа зафатени од пожар, и по 21 ден сè уште не се вратени во своите домови, пишува Алсат.

Како што велат од телевизијата, граѓаните се привремено сместени кај роднини или во хотели во Скопје, додека полициски службеници продолжуваат да го обезбедуваат објектот.

Истрагата за причините на пожарот, кој избувна во зградата во Чаир, сè уште трае, а обвинителството не објавило конкретни детали за тоа што го предизвикало.

„Ги проверуваме подрумските простории, каде според првичните податоци избувнал пожарот. За причините ќе ве информираме по завршување на увидот“, соопштија од ОЈО.

За целосно враќање во домовите, тие ќе чекаат конечен извештај за безбедноста на зградата. Пожарот избувна на 2 октомври во раните утрински часови, а дел од жителите беа евакуирани и побараа медицинска помош поради вдишување на чад.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни