Македонија

В недела ќе се одбележи патронот на црквата, верниците имаат можност да се поклонат пред моштите на „Света Петка“

В недела ќе се одбележи патронот на црквата, верниците имаат можност да се поклонат пред моштите на „Света Петка“

Во недела, дебарските верници ќе го одбележат патронот на црквата „Света Петка“ и ќе имаат можност да се поклонат пред моштите на светата Параскева.

Црковниот одбор најави дека моштите ќе бидат поставени за поклонение во 7:30 часот, по Утрена богослужба. Моштите се чуваат од Пречистанското сестринство од манастирот „Света Богородица – Пречиста“ и се донесени со благослов на митрополитот Тимотеј.

Божествената литургија, која ќе ја води епископот Партениј, ќе почне во 8:45 часот. Одборот ги поканува сите верници да учествуваат во овој важен празник и да се поклонат на моштите, стекнувајќи благослов.

Празникот паѓа на неработен ден, па се очекува присуство на дебрани кои живеат во други градови. Црквата, изградена во 14 век и обновена во 19 век, се наоѓа во центарот на градот, во близина на градската болница.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни