Македонија

Претрес во кичевско, пронајдено оружје и муниција, лишено од слобода едно лице

Претрес во кичевско, пронајдено оружје и муниција, лишено од слобода едно лице

На 25.10.2024 во 22.10 часот, во кичевското село Зајас, лишен од слобода е У.Р.(50) од селото Грешница, кичевско.

При претрес во неговиот дом во селото Грешница, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа три автоматски пушки калибар 7,62 милиметри, една ловна пушка, 10 ловни патрони и 188 куршуми калибар 7,62 милиметри, кои неовластено ги поседувал.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Марина Малиш Саздовска 13.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни