Македонија

Празници во 2025-та година: 4 продолжени викенди за сите граѓани, 6 за православните!

Празници во 2025-та година: 4 продолжени викенди за сите граѓани, 6 за православните!

Во наредната 2025-та година, сите граѓани ќе имаат 4 продолжени викенди, додека оние од православна вероисповед ќе можат да уживаат во 6 продолжени викенди.

За сите граѓани:

01 јануари (среда), Нова Година,

07 јануари (вторник), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар,

30 март (недела), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 01 април (понеделник) е неработен ден,

21 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,

01 Мај (четврток), Ден на трудот,

24 Мај (сабота) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители,

02 Август (сабота), Ден на Републиката,

8 Септември (понеделник), Ден на независноста,

11 Октомври (сабота), Ден на народното востание,

23 Октомври (четврток), Ден на македонската револуционерна борба,

8 Декември (понеделник), „Св. Климент Охридски”.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни