Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска се сретна со Тавфиг Ф. Алрабиах, министер за Хаџ и Умра на Саудиска Арабија.
Како што вели, на средбата потврдиле здравите дипломатски односи.
„Разговаравме за интензивирање на политичката и парламентарната комуникација, при што констатиравме дека имаме простор за продлабочување на соработката преку билатерални договори, овозможување на директни авиолинии и формирање на пратеничка група за соработка со Средниот Исток и Арапскиот Залив. Остануваме посветени на проширување на комуникацијата на секое ниво“, вели Гаши.