Претседателот на Собранието, Африм Гаши, изјави дека институцијата е подготвена да ги започне уставните измени, но за тоа е потребна политичка волја и договор. Тој нагласи дека брзото постигнување на политички договор е од стратешко значење за напредокот кон полноправно членство во ЕУ.
Според него, Извештајот на Европската комисија за Собранието е позитивен, со мал напредок. Гаши истакна дека во текот на неговиот мандат не било злоупотребувано европското знаме за носење закони, и дека законите по скратена постапка се резултат на усогласувања со новиот Закон за организација на Владата.
Тој најави дека Собранието ќе продолжи да работи на подобрување на функционалноста и транспарентноста, со цел да се задоволат пратениците и граѓаните. Гаши истакна важноста на редовната процедура за предлагање закони и потенцираше потребата за предвидливост во распоредот на седниците.
На крајот, тој рече дека нема информации од Владата кога ќе биде предложен буџетот за 2025 година.