Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Во Скопје наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла, а преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој во делови од котлината краткотрајно ќе засилува.