Македонија

Внимавајте на измами: Лажни мејлови од НЛБ Банка ги таргетираат клиентите

Внимавајте на измами: Лажни мејлови од НЛБ Банка ги таргетираат клиентите

Во врска со зголемениот број на измами што годинава беа забележани, а кои опфаќаат фишинг-напади и случаи на лажно претставување во име на министерот за внатрешни работи и директорот на Бирото за јавна безбедност, Секторот за компјутерски криминал при МВР синоќа извести дека главната цел на фишинг-измамите е прибирање на личните податоци на примателот или принудување на жртвата да посети лажна веб-страница.

Овие денови забележани се и лажни мејлови кои тврдат дека потекнуваат од НЛБ Банка, во кои клиентите се известуваат за наводни плаќања.

Во еден таков мејл кој стигна до редакцијата на 4news се наведува: „Беше иницирано плаќање од НЛБ Банка на жиро сметка на вашата компанија Копоративна. Вашиот идентификатор на е-пошта е обезбеден од клиентот што го иницирал за обработка. Причина за плаќање: Порамнување на фактура.“

МВР апелира до граѓаните и компаниите да бидат особено внимателни и да не реагираат на сомнителни пораки. Во случај да примите вакви мејлови, не кликнувајте на линковите и не внесувајте свои лични информации.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни