Македонија

Санкции за вршење на превоз на стока без лиценца

Санкции за вршење на превоз на стока без лиценца

Денеска (01.11.2024) околу 12 часот во близина на касарна Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции запреле и извршиле контрола на товарно моторно возило „ман“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, а управувано од В.М.(26) од Куманово.

При контролата било утврдено дека возачот врши превоз на стока без лиценца и извод од лиценца. За настанот е известен Државниот инспекторат за транспорт и врски, кој изрече глоба по член 96 став 1 и став 5 во висина од 2500 евра за правно лице и 750 евра за одговорно лице во правно лице и по чл.62.ст.1 од Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во висина од 1.000 евра.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни