Македонија

Во Амбасадата на Србија во Скопје отворена книга на жалост

Во Амбасадата на Србија во Скопје отворена книга на жалост

По повод трагедијата во Нови Сад, Амбасадата на Србија во Скопје отвори книга на жалоста.

„Книга на жалост ќе биде отворена за јавноста во просториите на Амбасадата на Република Србија, лоцирана на Питу Гули 8, од 2 до 4 ноември, во периодот од 12:00 до 18:00 часот.

Амбасадата изразува длабоко сочувство до семејствата на оние кои трагично ги загубија животите и посакува брзо закрепнување на сите повредени“, стои во објавата на Амбасадата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни