Македонија

РСЕ: Идната година УНЕСКО ќе го разгледува статусот на Охридското езеро

Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО), во јули идната 2025 година повторно ќе го разгледува статусот на Охридското езеро како светско и културно наследство, пренесува Радио Слободна Европа (РСЕ).

„Најмалку од 2017 година, состојбата на природното и културното наследство на Охридскиот регион е загрижувачка за Комитетот за светско наследство, особено поради влијанието на човековите активности и развојните проекти. Затоа, локацијата е предмет на внимателно следење од страна на УНЕСКО и експертите на неговите советодавни тела, што вклучува доставување чести извештаи од државите членки за состојбата на зачувување на локацијата“, велат од УНЕСКО за РСЕ.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни