„Слушнав, бараат кај нотар да сум потпишал, дека доколку со еден глас ги загубам изборите, нема да бидам дел од власта. Четврт век велам, ако ги изгубам изборите, ќе се повлечам од политиката и ќе си одам дома“. Ова им го порача претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на челниците од Вреди. .
Ахмети, на вечерашната средба пред граѓаните во Куманово рече одоговорот на ваквата провокација, до Вреди, морал јавно да ја каже, затоа што ДУИ не биле заинтересирани да влезат во Владата.
„Колку побрзо ја напуштат Владата, толку подобро ќе биде за нив, за нивните семејства. Тие се црна страница за Албанците“, рече Ахмети.