Македонија

ХОРОР ВО ШТИПСКО: Пронајдено безживотно тело на млад маж со прострелна рана!

ХОРОР ВО ШТИПСКО: Пронајдено безживотно тело на млад маж со прострелна рана!

Во атарот на штипското село Пиперово пронајдено е безживотно тело на млад маж.

Според првичните информации, пронајден е со прострелна рана.

Што се случило на местото каде што е пронајден, дополнително ќе се утврдува.

Од СВР Штип потврдуваат дека кај нив е пријавено околу 16 часот, а во моментов во тек е увид на лице место од страна на полицијата и јавен обвинител.

Повеќе детали се најавуваат во текот на утрешниот ден.

Телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни