Македонија

Тошковски: Ќе има доста интересни случаи за јавноста поврзани со организиран криминал и висока корупција

Тошковски: Ќе има доста интересни случаи за јавноста поврзани со организиран криминал и висока корупција

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска, по новинарско прашање за тоа дали ќе има проширување на истрагата и на други вработени за случајот со полицајците кои оддавале службени тајни на „Дуќанџик“, истакна дека постои обемен доказен материјал кој се анализира од страна на ОЈО-ГОКК постојат.

Како што вели, истите се прибавени од апликацијата Скај.

„Во иднина ќе има доста интересни случаи за јавноста а поврзани со организиран криминал и висока корупција. Претпоставувам дека во иднина ќе следат поголем број на случаи коишто се поврзани со доказниот материјал обезбеден од страна на Скај апликацијата“, вели Тошковски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни