Македонија

ВИДЕО: Безистенот во Струга гори, пожарникарите се борат со огнот

ВИДЕО: Безистенот во Струга гори, пожарникарите се борат со огнот

Утрово избувна голем пожар во Безистенот лоциран во центарот на Струга, во старото градско јадро.

На терен се ангажирани четири возила од Територијалната противпожарна единица Струга, заедно со десетина пожарникари кои се обидуваат да го стават пожарот под контрола.

Според првичните информации, станува збор за голем пожар, но причините за неговото избувнување сѐ уште не се познати.

Пожарникарите работат на целосно гасење на огнот, а локалните власти и надлежните служби го следат развојот на ситуацијата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни