Македонија

Славевски или лаже, или навистина не го знае деловникот за работа на Советот кој го води, одговорија од Град Скопје

Славевски или лаже, или навистина не го знае деловникот за работа на Советот кој го води, одговорија од Град Скопје

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска преку соопштение вели дека претседателот на Советот, Трајко Славевски или лаже, или навистина не го знае деловникот за работа на Советот кој го води.

„Имено, поврзано со барањата за измени на условите за приватните превозници вклучително и цената за овој превоз ги утврдува Советот на град Скопје, оттука јасно е дека барањето на приватните превозници е упатено на вистинска адреса до претседателот на Советот на град Скопје и до советниците.

До овој момент, Градоначалникот има доставено свое мислење во врска со барањето на приватните превозници а свое мислење има доставено и Управниот одбор на ЈСП до претседателот на Советот Трајко Славевски.

Време е Трајко Славевски да го научи Деловникот и да превземе одговорност за блокирањето на работата на Град Скопје“, вели Арсовска.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни