Македонија

Средба Ахмети – Рокас: Македонија и Македонците не изгубија ништо од рамноправноста со Албанците

Средба Ахмети – Рокас: Македонија и Македонците не изгубија ништо од рамноправноста со Албанците

Во седиштето на Демократската унија за интеграција во Тетово, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, го прими амбасадорот на Европската Унија, г. Михалис Рокас.

 Претседателот Ахмети и амбасадорот Рокас долго разговараа за сите политички прашања во нашата земја, за неопходните реформи за европска интеграција, за легитимитетот и Охридскиот договор, како и за изборите во Северна Македонија. 

 Ахмети го информира амбасадорот Рокас дека ДУИ е партија која ни за момент не се колеба од својата евроатланска определеност и ориентација.

 За нас евроинтеграциите се без алтернативи и ДУИ дава целосна поддршка за продолжување на преговорите и спроведување на реформите без никакво одлагање и со политички консензус. 

 Во однос на Охридскиот договор, г. Ахмети потсети дека ЕУ и САД се гаранти на мировниот договор и дека меѓуетничките односи се многу оптоварени со непромислените чекори на владата во однос на албанскиот јазик, етничката припадност, правичната и соодветна застапеност итн. 

 Северна Македонија и Македонците не изгубија ништо од рамноправноста со Албанците, а државата воопшто не е загрозена од спроведувањето на Охридскиот договор. 

 Политичкиот дијалог во државата мора да го почитува изборниот легитимитет на легитимните претставници на етничките заедници бидејќи тоа овозможува стабилност, безбедност и социјална кохезија. 

 Г. Ахмети повтори дека решението за оваа тешка ситуација се заедничките парламентарни и локални избори во октомври 2025 година.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни