Оттаму информираат дека девојчето од Скопје кај нив било хоспитализирано пред две недели поради силна главоболка. Најпрвин било лекувано на одделот за неврологија, но минатата недела состојба ѝ се влошила и ја префрлиле на одделот за интензивна нега каде ѝ била направена и интубација, но, како што велат од Клиниката, и покрај сите напори на медицинскиот кадар не успеале да го спасат детето кое развило менинго-енцефалит, а пред два починало.
Од ДСЗИ информираат дека и за овој случај ќе извршат вонреден инспекциски надзор, по што ќе ја информираат јавноста за фактичката состојба околу третманот на починато дете.
За еден месец ова е трет смртен случај на дете на Клиниката за детски болести.
За 14-месечното девојче од Грчец се уште се води постапка за утврдување на евентуална лекарска одговорност, а за новороденчето од Струмица ДСЗИ согласно нивните надлежности не констатираше пропусти во лекувањето.