Македонија

Николоски за средбата на Мицкоски со Макрон: Говори многу за угледот што го ужива Македонија!

Николоски за средбата на Мицкоски со Макрон: Говори многу за угледот што го ужива Македонија!

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска во Штип изјави дека синоќа премиерот Христијан Мицкоски имал многу значајна средба со францускиот претседател Емануел Макрон на самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта. Како што нагласи Николоски, Макрон сега практично станува лидер на Европа, имајќи предвид политичката нестабилност во Германија и фактот дека се очекуваат избори најдоцна до март 2025 година.

-Макрон во моментов неспорно е лидер на Европа, политичар којшто има највисока поддршка и најстабилен мандат во рамки на ЕУ од сите големи земји-членки и на конференција којашто трае само еден ден, да одвои толку време за да се сретне со премиерот на Македонија, мислам дека многу говори и за личниот авторитет што го има премиеорт Мицкоски и за угледот што го ужива Македонија, оцени Николоски.

Тој рече дека нема информации дали на самитот во Будимпешта дошло до средба меѓу премиерот Мицкоски и бугарскиот претседател Румен Радев.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни