Македонија

Мицкоски: Имам чувство дека за некои опозициски политичари допрва доаѓаат проблемите кои се поврзани со големи злоупотреби од минатото

Мицкоски: Имам чувство дека за некои опозициски политичари допрва доаѓаат проблемите кои се поврзани со големи злоупотреби од минатото

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека „има чувство дека за некои опозициски политичари допрва доаѓаат проблемите кои се поврзани со големи злоупотреби правени во минатото“.

Одговорајќи на новинарско прашање за инсистирањето на ДУИ за граѓанско изјаснување, Мицкоски уште еднаш повтори дека ги разбира политичарите од опозицијата.

-Ги разбирам политичарите во опозиција дека се нестрпливи и дека мислат дека со предвремени избори ќе ги решат проблемите. Имам чувство дека за некои опозициски политичари допрва доаѓаат проблемите кои се поврзани со големи злоупотреби правени во минатото, потенцира премиерот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни