Утрово Македонија во минусни температури и снег на повисоките места, а на пониските дожд.
Најстудено беше во Берово, каде беа измерени-6 степени, додека на Попова Шапка беа измерени-5 степени. Минусни температури имаше и во Лазарополе, Маврово, Крива Паланка, Скопје, Тетово и Штип.
Најтопол град утрово беше Гевгелија со 5 степени.
Во Берово има снежна покривка од 1 сантиметар, а малку снег има и на Водно, Маврово и Шар Планина.
На Водно утрово можеше да се забележи првиот снег.
Дожд имаше во Скопје, Кавадарци и Велес, додека на останатите места наврна под 1 литар на метар квадратен.
Времето денеска променливо облачно со повремен локален дожд, а на планините локален снег. Температурата преку ден ќе достигне максимум до 12 степени.