МАКЕДОНИЈА – Во Македонија во текот на ноќта четврток кон петок и во петок во утринските часови ќе преовладува умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, над 1200 метри со врнежи од снег. Во претпладневните часови врнежите ќе престанат и постепено разведрување. Ќе дува силен југозападен ветер кој што ќе достигне брзина до 60 км/ч. Во останатите предели умерен северозападен ветер. Максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 6 до 13 степени, додека пак во вечерните часови и кон крајот на денот ќе биде и најстудено со температури кои што ќе се движат во интервал од -4 до 3 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во петок студено утро со појава на умерен мраз и утрински температури кои што ќе се движат во интервал од -4 до 3 степени. Во текот на денот ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди. Во попладневните и во вечерните часови нестабилно време со врнежи од дожд. Максималните дневни температури ќе се движат од 7 до 15 степени. Во текот на ноќта петок кон сабота и во сабота во утринските часови нестабилно време со врнежи од дожд, над 400 метри надморска висина со врнежи од снег. Во текот на денот ќе преовладува претежно сончево време со појава на локална облачност и студено време. Минималните температури се очекуваат кон крајот на денот и ќе се движат во интервал од -7 до 1 степени, додека пак дневните од -1 до 9 степени. Во недела и понеделник во Македонија студено утро со појава на умерен мраз и температури кои што ќе се движат во интервал од -9 до -1 односно од -7 до 1 степени. Во текот на денот ќе преовладува сончево, ветровито и студено време. Максималните дневни температури ќе се движат во интервал од -1 до 9 односно од 1 до 11 степени.
СКОПЈЕ 5 ДЕНА – Во Скопје во петок по студеното утро со температура од 0 степени, во текот на денот умерено облачно време со сончеви периоди. Попладне и навечер нестабилно време со врнежи од дожд. Дневната температура ќе достигне до 13 степени. Во текот на ноќта петок кон сабота и сабота во утринските часови нестабилно време со врнежи од дожд. Претпладне врнежите ќе престанат и до крај на денот ќе преовладува претежно сончево време со локална облачност и температура до 7 степени. Во недела и поинеделник студено утро со температура од -4 односно -2 степени. Во текот на денот сончево, ветровито и студено време со температура до 7 односно до 9 степени.