Македонија

Обвинителството и финансиската полиција со истрага за набавката на мазут за ЈСП

Обвинителството и финансиската полиција со истрага за набавката на мазут за ЈСП

Попладнево од Основното јавно обвинителство Скопје информираа дека ги следат сите информации и веќе се дадени одредени насоки на Управата за финансиска полиција да ги испита постапките за јавни набавки на мазут за потребите на ЈСП.

Веќе втор ден има гужви на автобуските станици, немање автобуси и нервоза е присутна и денеска во главниот град Скопје.

Нафтата за автобусите не стаса ниту синоќа, ниту утрово, па Скопјани имаа потешкотии да дојдат до своите работни места, а учениците на училиштата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни