Македонија

Арсовска: Оваа ситуација е предизвикана поради опструкциите од советниците на ВМРО-ДПМНЕ

Арсовска: Оваа ситуација е предизвикана поради опструкциите од советниците на ВМРО-ДПМНЕ

Скопјани се револтирани поради ситуацијата со јавниот градски превоз. И денеска жителите на Скопје мрзнеа по автобуските и чекаа автобуси со часови.

Во меѓувреме се огласи и Данела Арсовска за „Телма“. Таа кажа дека за ситуацијата се виновни советниците на ВМРО-ДПМНЕ.

„Она што беше дадено како образложение е небулотично. Не може да имате полоша или подобра понуда за горива, кога цената е иста за сите, не може да биде поголема или пониска, затоа што Регулаторна ја одредува цената. Бирото за јавни набавки ја носи одлуката сега, и има замерка дека една компанија даде понуда. Кој се охрабрува во претпријатие кое е загубар да го снабдува со енергенс? И кога некој се осмелил, сметам дека е штетно да се прават вакви работи како овие“, рече Арсовска.

Таа кажа дека на актуелната власт им била доставена понуда тие самите да одлучат по кои услови и какви автобуси ќе набават.

„Понудата која им беше дадена во изминатите две години, беше во рамките на тоа тие да договорат услови, во било која банка, да ја одберат банката, условите и спецификациите кои сакаат да се набават, и јас само да го ставам потписот.“, рече Арсовска.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни