Македонија

ФОТО Пожар во куќа во Струмица

<span style="color: red;">ФОТО</span> Пожар во куќа во Струмица

Денеска во 09:31 часот на улицата Спиро Захов во Струмица избувнал пожар кој зафатил спрат и кров од семејна куќа. Екипата на Територијалната противпожарна единица Струмица интервенирала со три противпожарни возила и десет пожарникари-спасители.

Благодарение на брзата и координирана акција, пожарот бил локализиран и целосно ликвидиран, со што е спречено негово ширење и нанесување поголема материјална штета.

Од противпожарната единица апелираат до граѓаните дека во случај на пожар или друга елементарна непогода, можат да се јават на бесплатниот телефонски број за итни случаи.

Истражувањето на причините за пожарот е во тек, а повеќе информации ќе бидат објавени по завршувањето на истрагата.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни