Македонија

Обвинителката за двојното убиство на Вања и Панче: Промената на изјавата на Кешишев нема да влијае врз доказите

Обвинителката за двојното убиство на Вања и Панче: Промената на изјавата на Кешишев нема да влијае врз доказите

Обвинителката во судскиот процес за двојното убиство на Вања и Панче, пред почетокот на денешното рочиште, даде изјава за медиумите. Таа изрази уверување дека изјавата на Влатко Кешишев, кој минатата недела ја промени својата во истражниот затвор Шутка, нема да има влијание врз текот на постапката.

„Изјавата на Кешишев нема доказна вредност, затоа што и тој и сите други обвинети на крајот од судската постапка ќе дадат своја одбрана, свој исказ, и своја одбрана која ќе биде подложена на прашања од ситте страни и да се расчисти случајот. После вербалните докази, ќе бидат изведени и материјалните докази. Имаме материјални докази дека Палевски е сторител на делата“, рече Стојковиќ-Димитровска.

Судењето за двојното убиство влегува во завршната фаза на испрашување на сведоци. Според најавите, веќе од следните рочишта ќе започне изведувањето на материјалните докази, кои ќе бидат клучни за утврдување на вината.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни