Македонија

Скопје најзагаден град во Европа, петти во светот

Скопје најзагаден град во Европа, петти во светот

Според податоците на специјализираната платформа за мерење на квалитетот на воздухот, IQAir, главниот град на Македонија, Скопје, утрово е најзагаден град во Европа и петти на светската листа.

На глобалната листа на најзагадени градови води Делхи, по што следуваат Лахор, Каиро, Ташкент, а веднаш по нив се наоѓа Скопје. На оваа листа високо се рангирани и Багдад, Атина и Катманду.

Надлежните институции упатија препорака граѓаните да го ограничат времето поминато на отворено, особено ранливите категории како децата, постарите лица и хронично болните. Дополнително, се апелира да се користи јавниот превоз наместо личните автомобили со цел да се намали загадувањето.

Иако Скопје често се соочува со проблемот на загаден воздух, податоците од утрово се особено алармантни и претставуваат потсетник за итноста на преземање конкретни мерки за заштита на јавното здравје.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни