Македонија

Снегот ги блокира патиштата: Забрана за тешки товарни возила на Кичево – Охрид и Плетвар

Снегот ги блокира патиштата: Забрана за тешки товарни возила на Кичево – Охрид и Плетвар

Поради интензивни врнежи од снег, од 15:30 часот на магистралниот пат Кичево – Охрид, воведена е забрана за движење на тешки товарни моторни возила (ТТМВ) во двата правци.

Дополнително, во 16:20 часот, поради исти причини, е воведена забрана за движење на ТТМВ и на магистралниот пат А3 кај преминот Плетвар.

МВР апелира до сите возачи да бидат внимателни, да ја приспособат брзината на условите на патот и да користат зимска опрема. Се препорачува да се следат информациите за состојбата на патиштата пред тргнување на пат.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни