Македонија

Утрово запален автомобилот на обвинителот Џелал Бајрами во Куманово

Утрово запален автомобилот на обвинителот Џелал Бајрами во Куманово

Рано утрово во Куманово изгореа два автомобили, од кои едниот му припаѓа на обвинителот Џелал Бајрами, а според првичните неофицијални информации, пожарот се смета за намерно предизвикан. Се претпоставува дека сторителите употребиле уреди за блокирање на безбедносните камери со цел да избегнат снимање на инцидентот.

Пожарот зафатил значителен дел од возилото, но благодарение на брзата интервенција на пожарникарите огнот бил навреме изгаснат. Во моментов, истражните органи работат на утврдување на причините за пожарот и можната поврзаност со професионалниот ангажман на обвинителот Бајрами.

Паралелно со овој инцидент, претходно ноќта, приватната канцеларија на советникот во општина Куманово, Фитор Јакупи, била опожарена. Според објава на Јакупи на социјалните мрежи, пожарот се случил околу 3 часот по полноќ.

Јавното обвинителство соопшти дека Јавен обвинител врши увиди на локациите на опожарување на два автомобили и деловен простор на советник во Општина Куманово.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни