Денеска е последниот рок од тендерот за набавка на гориво по скратена постапка од страна на ЈСП и е со директно преговарање. Автобусите ги трошат последните резерви од позајмената нафта со владината одлука. Бирото за јавни набавки го поништи претходниот тендер на ЈСП за нафта поради неприфатлива понуда.
Од Град Скопје реагираа дека ова е прв тендер поништен на ваков начин и оти власта се обидува преку бирото да му прави опструкции на Јавното сообраќајно претпријатие. Финансиската полиција пак, истражува два тендера за набавка на гориво. Сметката на ЈСП е блокирана поради долг кон фирмата добавувач на нафта.
Директорот Кушовски не одговори колку точно должи.