Македонија

Европски фронт бара интерпелација за Меџити, Тошкоски, Исени и Стоиљковиќ

Европски фронт бара интерпелација за Меџити, Тошкоски, Исени и Стоиљковиќ

Координаторот на пратеничката група на Европскиот Фронт, Блерим Беџети, на денешната прес-конференција побара детална расправа во Собранието за безбедносната состојба во земјата, посебно во врска со недавните инциденти во Куманово. Тој истакна потреба од хронолошки преглед на настаните, вклучувајќи ги палењата на деловни објекти и нападите врз имоти на граѓани од албанска етничка припадност, како и информации за истрагите и спроведените мерки за расветлување на овие случаи.

Беџети го нагласи и значењето на разгледување на влијанието на овие настани врз меѓуетничките односи и прашањата за селективноста во процесирањето на учесниците во тие настани. Тој побара и детали за протоколите на МВР во случаи на селективно постапување и за механизми за надзор врз работата на безбедносните служби во вакви сензитивни ситуации.

Во интерпелацијата за Министрите Изет Меџити, Панче Тошкоски и неговиот заменик Исени, како за министерот Стоиљковиќ задолжен за односите меѓу заедниците ќе бидат детално наведени причините за нивните интерпелации, реќе Беџети.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни