Македонија

Македонските ученици на дното според ТИМСС тестирањето

Македонските ученици на дното според ТИМСС тестирањето

Македонските ученици се на 47 место по резултати за природни науки, а во математика на 44 место, од 48 земји, соопшти Министерството за образование и наука, кое ги презентираше резултатите од последното ТИМСС тестирање кое беше спроведено во 2023 година.

Тестирани биле ученици од четврто одделение на македонски и на албански јазик. Првпат се тестираа електронски.

Сингапур го држи првото место и по математика и по природни науки.

Од МОН соопштија дека овие резултати покажуваат за потребната промена на воспитно-образовниот систем, со цел да се подобрат знаењата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни