Македонија

Споен викенд за граѓаните: Понеделник, 9-ти декември, неработен ден по повод Свети Климент Охридски

Споен викенд за граѓаните: Понеделник, 9-ти декември, неработен ден по повод Свети Климент Охридски

Министерството за економија и труд денеска соопштува дека, согласно Законот за празниците на Република Македонија – „Службен весник на Република Македонија“, број 21/98 и 18/07, по повод празникот „Свети Климент Охридски“, 8 декември – недела, односно 9 декември – понеделник е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Министерството за економија и труд им го честита празникот на граѓаните на Република Северна Македонија кои го чествуваат и го слават патронот „Свети Климент Охридски“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни