Свет

ИД: Во воздушен напад убиен командант на воздухопловните сили на Хамас во градот Газа

ИД: Во воздушен напад убиен командант на воздухопловните сили на Хамас во градот Газа

Командантот на воздухопловните сили на Хамас во градот Газа, Нидал ал-Наџар, е убиен во неодамнешниот воздушен напад, соопштија израелските одбранбени сили (ИДФ) и израелската служба за внатрешна безбедност Шин Бет.

Според израелската војска, Ал-Наџар бил меѓу терористите на Хамас кои планирале воздушна инфилтрација во Израел за време на нападот извршен на 7 октомври, објави Тајмс оф Израел, пренесува Танјуг.

Ал-Наџар е убиен во воздушен напад во вторникот, соопшти израелската војска.

ИД соопшти дека тој е одговорен и за воздушната одбрана на Хамас, а за време на војната извршил напади со беспилотни летала наполнети со експлозиви против војниците кои дејствуваат во Газа.

На 7 октомври 2023 година, членовите на милитантната група Хамас ја прелетаа границата со параглајдеристи и извршија масакр во јужен Израел.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни