Свет

Урсула фон дер Лајен нема да биде на отворањето на црквата Богородица во Париз

Урсула фон дер Лајен нема да биде на отворањето на црквата Богородица во Париз

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во последен момент го откажа денешното пристигнување во Париз за отворањето на Нотр Дам.

Ден по постигнувањето на политичкиот договор на МЕРКОСУР за слободна трговија со земјите од Јужна Америка, беше исклучително лош тајминг за доаѓањето на шефот на европската извршна власт во Париз.

Гневот на француските земјоделци поради постигнувањето на овој договор е голем, па постоеше страв дека можат да подготват „комитет за добредојде“. Земјоделците протестираат поради нелојалната конкуренција, лошата увозна храна, непочитувањето на европските стандарди и тешката финансиска состојба за која стравуваат дека ќе се влоши.

Урсула фон дер Лајен на тој начин го откажа своето пристигнување во Париз, па нема да биде со педесетина шефови на држави или влади и крунисани глави на отворањето на обновената катедрала која беше уништена од пожар на 15 април 2019 година.

Во исто време, склучувањето на договорот МЕРКОСУР-ЕУ, на кој се спротивставуваат и француските власти, е втората многу лоша вест за претседателот Емануел Макрон, по соборувањето на владата на Барние.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни