Свет

Погодено складиште со хемиско оружје во Сирија: Вклучен алармот, Израел користи прилика додека земјата е во хаос!

Погодено складиште со хемиско оружје во Сирија: Вклучен алармот, Израел користи прилика додека земјата е во хаос!

Израелската војска изврши напад врз складишта на, како што се верува, хемиско оружје оставено во Сирија по падот на претседателот Башар ал Асад.

АП пренесува дека биле погодени и локациите на кои се наоѓале сириските ракети со долг дострел за да се спречи овој арсенал да падне во рацете на непријателските агенти.

– Единствениот интерес што го имаме е оној поврзан со безбедноста на Израел и неговите граѓани. Затоа ги нападнавме стратегиските вооружени системи како што се, на пример, преостанатото хемиско оружје или ракетите и ракетите со долг дострел, за да не паднат во рацете на екстремистите – изјави израелскиот функционер.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни