Пет војници загинаа денеска кога два турски воени хеликоптери се судрија во воздух, при што еден од нив се урнал, изјави официјален претставник.
Вториот хеликоптер успеа да слета.
Меѓу жртвите е и бригаден генерал кој бил задолжен за обука на воздухопловството.
Едно лице е повредено и пренесено во болница, јавуваат локалните медиуми.
Несреќата се случила во југозападната провинција Испарта за време на редовните тренажни летови, изјави локалниот гувернер не е јасно што го предизвикало судирот на двата хеликоптери. Истрагата е во тек.