Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, е во бегство.
Според премиерот, Ковачевски е единствениот недостапен за органите на прогонот, додека останатите 22 лица осомничени за криминал поврзан со работењето на електраните РЕК Битола, РЕК Осломеј и ТЕЦ Неготино се веќе обезбедени.
„Имаме 23 осомничени, минус еден кој можеби е избеган, но очекувам наскоро да биде обезбеден и изведен пред правдата. Не се наоѓа во државата, но институциите ќе го пронајдат,“ изјави Мицкоски.
Шефот на Владата додаде дека станува збор за криминал во износ од 6,5 милиони евра. Тој најави дека во претстојниот период јавноста ќе дознае за уште многу сомнителни активности, кои ќе бидат материјализирани преку работата на органите на прогонот.