Македонија

Апелација ја укина пресудата за „Беса транс“, ќе има повторно судење

Апелација ја укина пресудата за „Беса транс“, ќе има повторно судење

Апелацискиот суд ја поништил првостепената пресуда во случајот „Беса Транс“ и го врати предметот на повторно судење.

Од судот потврдуваат дека жалбите на обвинетите, физичкото и правното лице, биле уважени, па пресудата е укината и предметот е вратен на ново разгледување.

Случајот се однесува на „фалсификување на исправа“, за што Кривичниот суд во март изрече една година и осум месеци затвор за сопственикот Беким Хаџиу, парична казна од 800.000 денари и четиригодишна забрана за меѓународен превоз на „Беса Транс“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни