Македонија

Епископ Хераклејски г. Климент нов портпарол на Синодот на МПЦ-ОА

Епископ Хераклејски г. Климент нов портпарол на Синодот на МПЦ-ОА

Епископ Хераклејски г. Климент беше назначен за нов портпарол на Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, објави денеска Канцеларијата на Синодот. Тој ќе ја започне својата нова должност на 1 јануари 2025 година.

Со оваа задача, Епископ Хераклејски г. Климент, кој е секретар на Синодот, ќе ги изнесува официјалните ставови на црковната власт на МПЦ – ОА пред јавноста. Неговиот претходник, Дебарско-кичевскиот митрополит Тимотеј, почина на 25 ноември, а неговото погребение се одржа на 28 ноември во храмот „Свети Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид.

Синодот исто така најави дека четириесетдневниот помен за упокоениот митрополит Тимотеј ќе се одржи на 3 јануари 2025 година, на Плаошник.

Во соопштението се изразува и загриженост за тековната состојба во Сирија и Либан, и за христијаните од Антиохиската патријаршија. Синодот се моли за мир и укрепнување на верата на верниците во овие региони, особено на сириските и источнохристијанските заедници.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни