Македонија

Снег или дожд: Какво време се очекува денеска во Македонија?

Снег или дожд: Какво време се очекува денеска во Македонија?

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд, додека на планините и на повисоките места ќе има врнежи од снег. Вдолж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер. До крајот на денот облачноста ќе се намали, а врнежите ќе престанат. Максималната дневна температура ќе се движи од 4 до 10 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд, а во повисоките делови од котлината можни се врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен северен ветер, а максималната температура ќе достигне до 6 степени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни