Вчеравечер маж го загуби животот во пожар што избувнал во куќа на улицата „Љубен Весов“ бр. 54 во Велес. Иако Територијалната противпожарна единица Велес реагирала веднаш по дојавата, со две противпожарни возила и пет пожарникари-спасители, трагедијата не можела да се спречи.
Според информациите од ТППР Велес, пожарникарите при пристигнувањето затекнале пожарот во развиена фаза, при што безживотното тело на сопственикот било пронајдено во една од опожарените простории.
На лице место пристигнала и екипа од Брза помош во 19.40 часот, која ја потврдила смртта на лицето.
Причините за пожарот и околностите под кои се случила трагедијата остануваат да се утврдат во наредните денови.