Македонија

Тешка сообраќајна несреќа кај Довлеџик во Битола, патот е затворен

Тешка сообраќајна несреќа кај Довлеџик во Битола, патот е затворен

Тешка сообраќајна несреќа се случила во близина на Довлеџик, Битола. На терен се излезени екипи на полицијата, Брзата помош и Противпожарната служба.

Поради сериозноста на инцидентот, патот е затворен за сообраќај, а возачите се пренасочуваат на алтернативни правци.

Засега нема информации за причините на несреќата, ниту за бројот на повредени или евентуални жртви.

Полицијата апелира граѓаните да избегнуваат движење во овој дел од патот и да се придржуваат до упатствата на надлежните служби.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни